Поврзете се со нас

Свет

Ванкувер ги предупреди фановите: Триото ѕвезди на Интер Мајами нема да дојде во Канада

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Ванкувер викендов ќе му биде домаќин на Интер Мајами во МЛС, а домашните фанови сигурно ќе бидат разочарани поради последната информација од клубот.

Лионел Меси, Луис Суарез и Серхио Бускетс нема да патуваат за Канада, што сигурно ќе биде негативен елемент за организаторот, кој очекува рекордна МЛС посетеност од над 50.000 гледачи.

Ванкувер решил порано да ја комуницира информацијата за да избегне поголемо незадоволство кај фановите на самиот натпревар, а вети и 50 проценти на храната и пијачките на стадионот како утешна награда за навивачите.

Интер Мајами досега не ја потврдил информацијата, но она што е јасно дека популарното трио во моментов нема проблеми со повреди. За Меси ова ќе биде седми пропуштен натпревар поради повреда или одмор.

Шпекулациите велат дека Меси и неговите екс соиграчи од Барса не сакаат да патуваат толку далеку за овој натпревар (4.667 километри со авион), бидејќи неколку дена подоцна имаат друг настап.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни