Светски првенства
Ване за потегот на Перез Де Варгас: Доказ дека ракометот се уште е џентлменски спорт

Шпанскиот голман Гонсало Перез де Варгас со право е херој на вчерашниот натпреварувачки ден на Светското ракометно првенство, а до таков статус стигна благодарение на џентлменскиот потег на дерби пресметката меѓу неговата репрезентација и Шведска.
Шпанија и Шведска на крајот одиграа нерешено, но скандинавската селекција можеше многу порано да остане без Хампус Ване, еден од нејзините најважни играчи и најдобри реализатори.
При изведување на пенал од страна на Ване, судиите проценија дека Швеѓанецот упатил директен удар во главата на Перез де Варгас и му покажаа црвен картон, но ситуацијата се промени по реакцијата на шпанскиот голман.
Тој откри дека топката прво го удрила во рака, а потоа во глава, па така му порача на судијата да ја поништи одлуката и да го остави Швеѓанецот во игра.
Самиот Ване по натпреварот испратил комплименти на соиграчот од Барселона, потенцирајќи дека не е изненаден од начинот на кој реагирал Перез де Варгас.
– Овој момент е една од убавите аспекти на ракометот и доказ дека ова се уште е џентлменски спорт.
– Во ваква ситуација тој избра да биде искрен и чесен, но јас знам дека се работи за добро момче, комуницираме интензивно кога сме заедно во Барселона. Не сум изненаден од неговиот потег, бидејќи секогаш бил фер играч, – рекол Ване.
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет23 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига22 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија12 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија12 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија20 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)