Поврзете се со нас

Светски првенства

Ване: Тактиката против Лазаров ни функционираше брилијантно!

Објавено

на

Македонската одбрана немаше никакво решение за ултра офанзивната игра на Швеѓаните кои важат за еден од најдобрите тимови во транизиција во светот, па и покрај тоа што на скандинанвците им фалат многу важни играчи од стандардната селекција, на натпреварот со Македонија покажаа дека и покрај отсуствата, нивниот тим поседува голем потенцијал.

Шведска ја надигра Македонија на стартот на мундијалот и убедливо славеше со 32:20, а без конкуренција најдобар поединец на теренот беше Хампус Ване за кого немавме никаква одбрана во текот на целиот меч.

Крилото на Шведска постигна 11 голови во нашата мрежа и беше најдобар играч на натпреварот, па како таков, тој беше задолжен за искажување на првите импресии за домашните медиуми по стартниот триумф на Светското првенство.

– Трчавме, трчавме и трчавме. Трчавме на сите страни, на секоја топка и стоевме блиску до нивниот капитен кој е еден од најдобрите играчи во светот, секогаш имавме човек блиску до него. Тактиката против Лазаров функционираше брилијантно, – порачал Ване за шведските медиуми и додал.

– Сите може да видите дека сега нема его во тимот. Секој лесно се ослободува од топката и стигнува до оној кој е најблизу и во најдобра позиција. Денес тоа функционираше фантастично за нас, се надевам така и ќе продолжи, – изјавил Ване.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни