Поврзете се со нас

Македонија

Ване Милков и во иднина ќе ја води Беласица

Објавено

на

Старо-ново македонскиот прволигаш Беласица и во наредната сезона ќе биде предводен од Ване Милков.

Милков успеа со Беласица да има одлични резултати, поточно да ја врати експресно во елитната конкуренција што и беше главна цел на клубот од Струмица.

-Им благодарам на претседателот на клубот и управата за укажаната доверба и наредната сезона да останам на оваа позиција. Оваа прилика ќе ја искористам јавно да упатам честитки до сите мои фудбалери за влезот во Прва лига, и да им изразам голема благодарност затоа што неуморно, пожртвувано, посеветено и дисциплинирано, на секој тренинг и натпревар го даваа својот максимум.

-Момци ВИЕ сте најзаслужни за враќањето на ФК Беласица во ПМФЛ. Исто така голема благодарност и до Претседателот на клубот, и до целиот мој стручен штаб, управен одбор и сите колеги во клубот како и голем дел на млади фудбалери од младинската школа кои беа дел од тренажниот процес низ сезоната. Вашата помош и поддршка ни беа неопходни за да ја исполниме зацртаната цел, да ја вратиме ФК Беласица на местото каде што припаѓа.

Во моментот можам да ветам само една работа. Јас и мојот стручен штаб ќе дадеме се од себе за ФК Беласица овојпат да остане во елитата. Ќе го вложиме целиот наш труд, напор и знаење за да ја исполниме оваа цел. -порача Милков.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни