Ване ги воодушеви медиумите во регионот: На влезот во Прилеп треба да стои табла „Добре дојдовте во градот на богот на обложувањето“

Vane-indeks1

Прилепчанецот Ване Лесноски денеска добива заслужени честитки поради својата добивка во спортска обложувалница, каде типувајќи на натпревари стигна до добивка поголема од половина милион евра.

Човекот кој до последно трепереше за натпреварот Севилја-Манчестер Јунајтед на кој гостите не смееја да загубат најави дека ќе си врами дрес од Давид Де Хеа, а неговиот успех за кој обложувалницата вели дека е најголема добивка во однос на влогот во Европа, стана вистински хит и во земјите во регионот.

– Македонец стана цар на кладилниците – Ова никој никогаш не го погодил во Европа, пишува хрватски „Индекс“ чии новинари предложија на влезот на Прилеп да се постави табла дека се влегува во градот на царот на обложувалницте.

– Македонец „ограби“ кладилница- Преку ноќ освои мало богатство, а почна да слави по лудите одбрани на Де Хеа, – е насловот на „Спортске новости“.

Vane-novosti

Македонец во „Моцарт“ доби повеќе од половина милион евра – Ова е најдобриот обложувач во Европа, – вели српски „Информер“.

Vane-informer

– Хартии од вредност: Вложил 15 евра на седум тикети и остварил најголема добивка во историјата во Европа, – е насловот на „Блиц“.

Vane-Blic

Facebook Коментари