Ванда Нара: Сампаоли го доби тоа што го заслужува, Икарди е најдобрата аргентинска деветка

Icardi4

Сопругата на Мауро Икарди која воедно е и негов агент, Ванда Нара е задоволна што Хорхе Сампаоли повеќе не е предводник на аргентинската фудбалска репрезентација.

Таа смета Сампаоли го добил тоа што го заслужува по очајните партии на „гаучосите“ на мундијалот во Русија, но воедно не пропушти да потенцира дека нејзинот сопруг е најдобриот напаѓач која оваа јужноамериканска држава во моментов го има на располгање.

-Не беше изненадување за Мауро што не беше повикан од Сампаоли, бидејќи знаеше дека има други играчи кои заслужуваат да се збогуваат со селекцијата играјќи го последното СП. Аргентина играше лошо. За да се променат работите, потребен ни е тренер со карактер кој нема да дозволи да биде под влијание кога донесува одлуки. Сите сакаме да ја видиме Аргентина како светски шампион. Му реков на Сампаоли дека Мауро е најдобрата деветка кога ја има Аргентина, но тој е и некој кој може позитивно да го промени тимот. Тој е лидер, капитан и има позитивен карактер, -рече Ванда.

Facebook Коментари