Поврзете се со нас

Свет

Ванда го обвини Икарди за неверство и предизвика бура на социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Врската меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара беше контроверзна уште од самиот старт поради минатото кое го имаше аргентинскиот модел со поранешниот најдобар пријател на напаѓачот (Макси Лопез), но сега оваа сапуница доби нова епизода во јавноста.

Ванда Нара предизвика земјотрес на социјалните мрежи откако го обвини својот сопруг Икарди за неверство, алудирајќи на тоа дека трета личност ја уништила нивната врска која трае повеќе од седум години.

– Уништи уште едно семејство поради ку.ва, – гласи Инстаграм сторито на Ванда, по што Нара веќе престана да го следи фудбалерот на социјалните мрежи.

Угледните медиуми од Аргентина уверуваат дека причина за разделбата е неверството на Икарди, односно аферата која ја имал со актерката Евгенија Суарез.

Веста ја потврди и Инстаграм профилот на кој Ванда често се исповеда на социјалните мрежи, па за очекување е во наредниот период да следат нови информации поврзани за разделбата на фамозната двојка.

Икарди и Ванда се во брак од 2014-та година и имаат две ќерки, Франческа и Изабела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни