Поврзете се со нас

Македонија

Ванчо Стојанов e нов спортски директор на Беласица

Објавено

на

Откако беше потврдено дека Беласица ќе игра во првата лига во наредната сезона клубот од Струмица почна да се екипира, поточно да го составува тимот што ќе биде главен во кампањата 2020/2021.

Прво беше објавено дека Ване Милков останува на чело на стручниот штаб за да потоа стигне веста дека негов прв асистент ќе му биде Александар Василев. Сега пак од Беласица стигна веста дека за нов спортски директор е именуван Ванчо Стојанов.

Василев ќе му биде десна рака на Милков во Беласица

Стојанов три години работеше како кондиционен тренер и во организацијата на Беласица за да сега добие нова задача и тоа како спортски директор.

-Благодарност за укажаната доверба од Претседателот Славчо Васков – Пинда и управата на ФК Беласица за извршување на функцијата спортски директор. Беласица е голем клуб и клуб со традиција, така и функцијата спортски директор претставува огромна одговорност. Честитки до нашите фудбалери, стручниот штаб и сите вработени во ФК Беласица за успехот кој го постигнавме оваа сезона, влез во ПМФЛ. Поздрав до сите фанови на нашиот клуб и Ве очекуваме на претстојните натпревари на стадионот Благој Истатов, – истакна Стојанов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни