Поврзете се со нас

Англија

Ван Перси: Тренер на Арсенал? Таа врата е затворена…

Објавено

на

Foto:twitter.com/RangersFC

Робин Ван Перси имаше богата фудбалска кариера која ја почна и започна во Феенорд, а измеѓу беше во Арсенал, Манчестер Јунајтед и Фенербахче.

Најубавите, најплодните години ги мина во Англија каде беше дел од два големи клуба во кои нормално е да се очекува да работи во иднина, поточно да се говори за негов тренерски ангажман со оглед на тоа што почна да се гради на тоа поле, но Ван Перси не верува дека би имал отворени врати на „Олд Трафорд“.

-Не очекувам да работам во Арсенал. Мислам дека таа врата е затворена. Поради мојот премин во Манчестер Јунајтед, тоа е моја проценка. Во фудбалот никогаш не се знае, но тоа е моја проценка. Сè уште е чувствително за нив, не за мене. Тоа е особено чувствително за навивачите на Арсенал, -вели сегашниот стратег на Херевен.

-Научив дека планирањето досега нема никаква смисла. И јас не го сакам тоа. Јас главно живеам овде и сега. Навистина уживам овде и многу сум горд што сум тренер на Херенвен. Чувствувам дека се чувствувам многу добредојден во клубот и меѓу навивачите. Исто така, мислам дека е важно да се чувствувате добредојдени, -додаде Холанѓанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни