Поврзете се со нас

Лига Европа

Ван Перси: Еден играч на Интер ми се пожали од тренинзите на Конте

Објавено

на

Во интервју за официјалната страна на УЕФА, Робин Ван Перси даде свои типови за полуфиналните дуели во Лига Европа, со тоа што предност им даде на Интер и Манчестер Јунајтед.

Иако порача дека двата ривали, во случајот Шахтјор и Севилја ќе бидат многу незгодни и непријатни предизвици за решавање, легендарниот холандски голгетер верува во спектакуларно финале во второто по ранг натпреварување во Европа, бидејќи дуел меѓу Интер и Манчестер Јунајтед ќе биде далеку поатрактивен од секој друг пар на завршниот меч.

Во своето обраќање кое го имаше, Ван Перси се задржа и на влијанието кое го имаше Антонио Конте во Интер, па дури и откри дека негов сонародник му се пожалил за напорните тренинзи кои ги практикува италијанскиот стручњак.

– Интер отсекогаш бил голем клуб, но не секогаш биле на добар пат како што се сега. Откако Конте пристигна во тимот, структурата е многу јасна и сега знаат на што играат.

– Еден играч на Интер ми се пожали. Зборував со Де Вриј и ми кажа дека пресезоната која ја имал со Интер била претешка. Но, исто така нагласи дека никогаш не бил пофит. Конте бара максимум од тимот и сите добри работи се негова заслуга, – вели Ван Перси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни