Поврзете се со нас

Свет

Ван Перси доживеа историски потоп како тренер во Холандија: Загубив 8:2 и од Јунајтед како играч……… (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/scHeerenveen

После неколку години минати како асистент во Феенорд, Робин Ван Перси реши да направи исчекор и да се испроба како самостоен тренер, а уште на самиот старт се запозна колку оваа работа може да биде брутална.

Поранешниот напаѓач на Арсенал и Манчестер Јунајтед доживеа историски потоп во најсилната Ередивизија, откако вчера неговиот Херенвен настрада со неверојатни 9:1 на гостувањето во Алкмар.

АЗ Алкмар брутално го декласираше тимот на легендарниот холандски репрезентативец и направи овој натпревар да стане топ тема во домашната јавност, па на социјалните мрежи има и голем сеир на сметка на Робин Ван Перси.

Екс напаѓачот доживеа сличен пораз како професионален играч додека беше член на Арсенал, бидејќи тој беше дел од тимот кој загуби од Манчестер Јунајтед со историски 8:2.

– Ова е многу тешко за проголтување. Се добиваат тешки удари во кариерата, но овој е многу тежок. Научивме неколку лекции за само 90 минути, научивме многу повеќе од што треба да научите на еден меч. За жал, ова е дел од фудбалот. Не сум истрауматизиран, а тоа не се случува со ниту еден од моите играчи. За да станете најдобар, треба да станете и да продолжите напред после првата препрека.

– Знам како функционира ова, имам големо искуство. Исто така загубив 8:2 од Манчестер Јунајтед како фудбалер. Тоа воопшто не беше забавно, но е дел од фудбалот. Ова треба да ни послужи како поука. Треба да гледаме на ова како дел од процесот. Ова е дел од нашиот пат во обидот да станеме најдобра верзија од себе, – изјавил Ван Перси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни