Ван Перси даде прогноза за финалето на Лига Европа

van persi

Наредната седмица ни ги нуди последните возбудувања во европските купови за оваа сезона, финалињата во Лига Европа и Лигата на шампионите.

Прво е она во Баку (29 мај) во ЛЕ каде силите ќе ги одмерат лондонските премиерлигаши Арсенал и Челси. Оваа битка се очекува да биде многу интересна, да решеваат детали, а ако се прашува Робин Ван Перси предност за да дојдат до трофејот имаат „топчиите“.

-Лично мислам дека Арсенал има предност. Тие се малку подобри. Ама Челси го има Азар кој е специјален играч-во секое време може да се појави со нешто, -истакна Ван Перси.

Ова за Арсенал е прво финале во Европа по она во 2006 година кога загубија од Барселона во ЛШ. Во случај да победат тогаш освен трофејот ќе дојдат и до место во ЛШ.

Facebook Коментари