Ван Нистерлој во една реченица објасни зошто Меси е најдобриот фудбалер на светот

van-nistelrooy

Холандската легенда и еден од играчите кој одбележа една ера во фудбалот, Руд Ван Нистелрој на едноставен начин, со една конкретна реченица објасни зошто Лионел Меси е најдобриот играч на светот.

Има многу дилеми, дебати, различни мислења за тоа кој е број еден, а еден од оние кој го дели ставот дека Аргентинецот е без конкуренција е и поранешниот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Малага.

-Нема никој кој е на неговото ниво, тој изгледа како да е плејстејшн играч. Никој не е блиску до Меси. Кажете ми кој…Кристијано Роналдо е голгетер, Иниеста е мозок, Салах, Мане, Азар и Мбапе се одлични, ама Меси е сите заедно, -порача Ван Нистерлој.

Facebook Коментари