Поврзете се со нас

Шпанија

Ван Нистелрој за тврдењето на Капело: Тоа е лага, сите во соблекувалната на Реал…

Објавено

на

Италијанскиот стручњак, Фабио Капело во текот на вчерашниот ден го посочи легендарниот Роналдо како најталентиран и најпроблематичен играч кој го тренирал во кариерата.

Капело за најпроблематичниот играч: Ван Нистелрој ми порача дека цела соблекувална мириса на алкохол!

Воедно истакна дека Бразилецот правел забави, но исто така го спомна и името на Руд Ван Нистелрој како човек кој му кажал дека соблекувалната на Реал Мадрид мирисала на алкохол.

На сето ова стигна одговор од Холанѓанецот кој се огласи на социјалните мрежи:

-Во однос на некои изјави на Фабио Капело кој тврди дека еднаш сум му кажал дека соблекувалната на Реал „мириса на алкохол“, сакам комлетно да ги демантирам овие коментари.

-Сите во таа соблекувална покажаа максимален професионализам од првиот ден. Секој од нас работеше и го бранеше грбот на клубот на професионален начин, -напиша Руд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни