Поврзете се со нас

Англија

Ван Нистелрој смета дека Јунајтед му направил услуга со еден потег

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LCFC

Руд ван Нистелрој доби отказ од Манчестер Јунајтед по пристигнувањето на новиот менаџер Рубен Аморим, а во меѓувреме си обезбеди самостојна менаџерска работа во Лестер.

Поранешниот холандски напаѓач на крајот може да биде задоволен од епилогот, а со последната изјава навестил дека тој и Лестер профитирале и од фактот што Јунајтед решил да се откаже и од другите асистенти на Ерик тен Хаг.

Меѓу нив бил и 43-годишниот тренер на голманите, Јеле тен Рувелар, кој претходно работел во Андерлехт и Барнли, а беше ангажиран од Тен Хаг за да работи со Андре Онана. По отказот во Манчестер, Тен Рувелар сега е нов асистент на Ван Нистелрој во Лестер и работи со Мадс Хермансен.

– Тен Рувелар ќе го направи Хермансен уште подобар голман, ќе му овозможи да оди најмалку едно ниво повисоко.

– Тој работеше со Онана во Јунајтед и мислам дека Андре беше во најдобра форма во периодот во кој тренер му беше Тен Рувелар.

– Добивме големо засилување во тимот. Не само што тој ги подобрува перформансите на голманот, туку и на сите играчи кои се околу голманот и најчесто соработуваат со него, – истакнал Ван Нистелрој.

Аморим на местото на Тен Рувелар го доведе 65-годишниот Хорхе Витал, со кого соработува подолг период.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни