Поврзете се со нас

Шпанија

Ван Нистелрој: Иско зборуваше за Барса, но јас му кажав со кого ќе освои ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/RealBetis

Руд ван Нистелрој деновиве бил во Мадрид, а неговото присуство го искористиле новинарите на „Марка“, кои реализирале големо интервју со поранешниот напаѓач на Реал.

Холандскиот голгетер зборувал на многу теми, но се навратил и на периодот кога беше член на Малага, во моментите кога член на оваа екипа беше тогаш талентираниот Иско.

Новинарите се интересирале за ефектот на Иско актуелнава сезона, иако Шпанецот заработи повреда и нема да биде во комбинација за ЕП во Германија.

– Оваа сезона е изненадување, но истовремено и не е толку изненадување бидејќи видов каков талент поседува уште кога беше многу помлад.

– Тој на тренинзите секогаш зборуваше за Барса, но јас му реков „Ќе одиш во Реал Мадрид и ќе ја освоиш Лигата на шампионите со овој клуб“, – вели Ван Нистелрој.

Холанѓанецот играше само една сезона во Малага, а таа беше и последна во фудбалската кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни