Поврзете се со нас

НБА

Ван Ганди ќе ги води „пеликаните“ од Њу Орлеанс

Објавено

на

Тимот на Њу Орлеанс Пеликанс затвори важно прашање, а тоа е кој ќе биде новиот тренер, наследникот на Алвин Џентри кој во месец август доби отказ по пет минати години на оваа позиција.

Изборот падна на искусниот Стен Ван Ганди за кого ова ќе биде четврти НБА клуб по Мајами Хит, Орландо Меџик и Детроит Пистонс.

-Возбуден сум што ќе се приклучам на талентиран тим каков што е Њу Орлеанс Пеликанс. Ќе ми биде чест да работам со нашите играчи и да работам со господинот Бенсон и Дејвид Грифин, Трајан Ленгдон, нивниот персонал и одличните луѓе во Њу Орлеанс. Со нетрпение чекам да разговарам со нашите играчи и процесот да започне, -порача 62 годишниот Ван Ганди.

Стен во досегашната НБА кариера има учинок од 523-384 (победи-порази) во регуларниот дел и 48-43 во плејофот. Најголемиот успех му е финалето со Орландо Меџик во 2009 година каде загуби од ЛА Лејкерс.

Инаку Њу Орлеанс има млада талентрана екипа со играчи како Зајон Вилијамсон, Брендон Инграм…, па се очекува од Ван Ганди да ги однесе на едно повисоко ниво како дефанзивно така и офанзивно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни