Поврзете се со нас

Англија

Ван Гал за преговорите со Тотенхем: Леви се криеше во багажник…

Објавено

на

Последниот тренерски ангажман на Луи ван Гал беше на клупата на Манчестер Јунајтед, а минатата година најави дека се повлекува за да му се посвети на семејството.

Во последните изјави за медиумите, холандскиот стручњак не крие дека пред да ја прифати понудата на Јунајтед, преговарал со Тотенхем.

Од тој период Ван Гал сподели и анегдота поврзана со претседателот на лондонскиот клуб, Даниел Леви.

– Леви дојде на преговори во мојот дом и истиот го напушти во багажник на автомобил за да ги избегне новинарите и фотографите кои пристигнале пред куќата, – открива Ван Гал.

Жртвувањето на Леви не дало резултати, но тоа овозможи Тотенхем да го ангажира Маурисио Покетино кој го одведе составот до финалето на Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни