Поврзете се со нас

Англија

Ван Гал со опширна изјава за периодот поминат во Манчестер Јунајтед: Им барав еден играч, ми носеа седми, клубот немаше квалитет…

Објавено

на

Поранешниот предовдник на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал се отвори за периодот поминат на „Олд Трафорд“.

Искусниот холандски стратег во Манчестер Јунајтед се задржа две години и ја напушти клупата по освојувањето на трофејот во ФА Купот ослободувајќи го местото за Жозе Мурињо.

Сега, ван Гал во јавноста упати критики до управата на клубот која работела како што треба и не му ги исполнувала желбите на Холанѓанецот кој беше донесен да направи ред во соблекувалната по катастрофалната година со Дејвид Мојс на чело.

Јунајтед не штедеше пари за трансфери во тој период, па така во првата година кога ван Гал беше на клупата во клубот дојдоа Лук Шо, Андер Ерера, Маркос Рохо, Дали Блинд, Фалкао и Анхел Ди Марија.

Следното лето повторно беа потрошени многу пари на засилувања, па на „Олд Трафорд“ пристигнаа Депај, Марсијал, Шнајдерлин, Дармијан, Ромеро, Валдес и Швајнштајгер.

Од овие играчи сега само Лук Шо, Антони Марсијал и Серхио Ромеро се во клубот, а другите веќе си заминаа по кратката авантура на „Олд Трафорд“.

Токму засилувањата беа најголем проблем за ван Гал кој сега изјави дека барал едни играчи, а од клубот му обезбедувале сосема други.

– Манчестер Јунајтед немаше квалитет да биде шампион. Имавме десет играчи со над 30 години, пет со над 35 години. Им реков дека мора да ог подмладиме тимот.

– Им кажав кои играчи треба да дојдат и не добив ниту еден од нив туку тие си носеа други играчи. Во таква ситуација мора да се снаоѓаш. Не го очекуваш тоа во најдобриот светски клуб.

– Заработуваат 600 милиони фунти, а јас не можам да си ги донесам играчите кои што сакам. Веројатно се купува првиот кој е на листата на менаџерот, а не седмиот.

– Клубот кој ти продава играчи исто така мисли дека ако си богат мора да му платиш повеќе. Тоа се случуваше со тие трансфери. Потоа на тренинг мора да работиш со играч кој ти бил седми на твојата листа на желби, а за него се платени големи пари. На крај, виновен е тренерот, -искрен беше ван Гал во интервјуто за „Фудбал Интернешнал“.

Покрај овие зборови Холанѓанецот истакна дека водењето на Манчестер Јунајтед и освојувањето на ФА Купот било врвот на неговата кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни