Поврзете се со нас

Свет

Ван Гал се исповеда за својата борба со ракот: Научен сум на смрт

Објавено

на

Foto:twitter.com/OnsOranje

Луи Ван Гал на неколку месеци пред Светското првенство во Катар откри дека се бори со рак и дека мундијалскиот турнир ќе биде негов последен како селектор, а емотивното обраќање кое го имаше потресе голем дел од јавноста.

Холандските фудбалери со сето срце играа за својот селектор во Катар и навистина добро се покажаа на споменатиот турнир, бидејќи „лалињата“ всушност беа оние кои најсериозно ја предизвикаа Аргентина после Франција во големото финале.

Ван Гал веднаш отстапи по крајот на Светското првенство и се насочи кон мирен и спокоен приватен живот, во кој сепак не му цветаат рози поради ракот на простатата со кој вели дека се уште се бори.

Две години подоцна, Ван Гал се отвори во интервјуто за шпански „АС“, а преку истото нагласи дека не се плаши од смртта поради фактот што во својот живот веќе загубил премногу блиски луѓе.

– Се борам со тешка болест, а во јавноста не давам таква слика. Отсекогаш сум изгледал младо, но има нешто во генот. Мојата мајка беше на смртна постела и до последно изгледаше како свежо цвеќе. Никој не можеше да забележи дека е болна, а јас го имам истиот проблем, или можеби истата среќа. Живеам со болеста повеќе од три години, минав низ период на зрачење, ми вбризгуваа хормони, имав операции, се шетав со катетар и со ќесиња со урина…..

– Некој не може лесно да мине низ тоа, но јас знаев како да се справам. Во овој период, бев дел и од Светско првенство и мислам дека на мундијалот најдобро се справував со болеста. Ракот не ми го промени животот, јас сум дел од семејство во кое бевме девет браќа, а јас бев најмалиот. Научен сум на смрт, затоа знам дека смртта е дел од животот на еден човек и мора да се справиме со таков тежок момент. Кога првпат дознав дека имам рак, не правев драма. Ми беше јасно дека не е добра вест, но подобро е да се обидете да излезете од сето тоа и да си дадете шанса.

– Смртта е дел од животот и јас така го сфатив овој процес. Процесот не е убав, но се уште сум тука и се чувствувам многу подобро од пред неколку години. Секогаш има надеж во животот, а јас се уште сакам да го правам тоа што го правев секогаш, да тренирам. Каков ви е умот, такво ви е телото. Ако не верувате, нема да остварите ништо, – вели Ван Гал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни