Поврзете се со нас

Лига на нации

Ван Гал нема дилеми: Тој е најдобар напаѓач на светот

Објавено

на

Искусниот фудбалски стратег и актуелен селектор на Холандија, Луи Ван Гал нема дилеми околу тоа кој е најдобар напаѓач на светот.

Пред „лалињата“ се дуелите против Полска и Белгија во Лигата на нации каде целта е да се остварат добри резултати и задржи првото место на табелата. За да се случи тоа мора да се најде лек за најопасните противнички играчи со тоа што првата задача е вечерва каде за ривал ќе ги имаат Полјаците за кои Ван Гал имаше посебни комплименти за еден ас.

– Мислам дека Роберт Левандовски е најдобар напаѓач на светот, – порача Холанѓанецот кој беше запрашан за Френки Де Јонг и неговата актуелна ситуација во Барселона каде има минутажа, ама не е стартер на сите средби.

– Френки добро си ја врши работата, нели? Мене ми изгледа опуштен со убава насмевка. Фантастично. Го обожавам, -истакна Ван Гал.

Пред само неколку ден, Ван Гал беше повторно во центарот на медиумското внимание откако се дозна дека спроведува нови методи за подготовка на голманите во пресрет на Мундијалот во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни