Свет
Ван Гал му покажа на Тен Хаг дека може да го игра летното засилување и на друга позиција: Добро е да имате пит-бул!

Холандија го одбрани првото место во групата и со победа од 1:0 над Белгија го потврди учеството на фајнал-фор турнирот во Лигата на нации, но овој натпревар послужи и како експеримент за Луи Ван Гал во пресрет на завршните подготовки кои ќе ги има за Светското првенство.
Тајрел Маласија го воодушеви Ван Гал на еден од последните тренинзи со својата завршница и младиот фудбалер се гледа дека ужива огромна доверба од селекторот, кој вчеравечер го испроба на нова позиција и му покажа на Ерик Тен Хаг дека во левиот бек може да има и одличен стопер во постава со тројца дефанзивци во срцето на одбраната.
Маласија ги одигра вторите 45 минути како централен бек на левата страна и му беше поддршка на Блинд кој играше како лев бек, а во своето објаснување за ваквото решение, Ван Гал откри дека го ставил брзоногиот лев бек на таа позиција за да може да се справи со Кевин Де Брујне.
– Го ставив Тајрел на левата страна во центарот на одбраната за да биде блиску до Де Брујне. Тој игра на тој дел од теренот и добро е да имате пит-бул како него за да биде блиску. Добро е да имате таков пит-бул, заедно со Блинд кој обично игра тактички.
– Де Брујне е побрз од Блинд и затоа го ставив Маласија како стопер. Зборував за него за ова уште претходно и му објаснив дека може да игра како стопер на левата позиција. Дефанзивните задачи си ги заврши одлично, но во конструкцијата на акциите можеше да биде многу подобар, – изјавил Ван Гал.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција