Поврзете се со нас

Шпанија

Ван Гал: Како и секогаш, се повторува истата историја во Барселона!

Објавено

на

Луи Ван Гал ја подготвува својата Холандија за натпреварот против Гибралтар, но за време на средбата која денеска ја имаше со новинарите, искусниот стручњак застана во одбрана на својот сонародник кој се најде под огромен притисок во Барселона.

Работата на Роналд Куман се гледа под лупа на „Камп Ноу“ и се чини дека во овој момент сите гледаат на него како главен виновник за лошите резултати на првиот тим, нешто што му е многу добро познато на Ван Гал кој претходно во својата богата тренерска кариера, во два наврати го водеше каталонскиот фудбалски великан.

Ван Гал потенцира дека во Барселона се научени да прават исти работи постојано кога работите не одат како што треба, односно за се ги обвинуваат луѓето кои доаѓаат од страна.

– Типичен пример за Барселона. Кога се оди добро и кога еден играч како Френки Де Јонг има две одлични сезони, тогаш никој не зборува и никој не се грижи за ништо. Но, кога работите ќе почнат да одат на лошо, луѓето во Барселона секогаш ги обвинуваат странците.

– Во овој случај, тоа е тренерот Куман. Куман е легенда на Барселона, но сепак е странец и Холанѓанец. Историјата се повторува, и јас се соочував со истото, па затоа веќе му препорачав да не обрнува внимание на негативните коментари кои кружат во јавноста, – порача Ван Гал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни