Поврзете се со нас

Светски првенства

Ван Гал издоминира – Мемфис поцрвене од срам: Депај мина исто како Ди Марија, а сега се бакнуваме во уста (Видео)

Објавено

на

Четвртфиналето меѓу Холандија и Аргентина ќе биде реприза на полуфиналето од мундијалот во 2014-та година, а исто како и пред осум години, селектор на „лалињата“ повторно е Луи Ван Гал.

Искусниот стручњак има уште едно незаборавно мундијалско патување и мора да се признае дека е убедливо најзабавен на прес-конференции, за што доказ е и денешното негово обраќање.

Во најавата за четвртфиналето со Аргентина, Ван Гал добил прашање поврзано за Анхел Ди Марија, кој своевремено го посочи Луи како убедливо најлошиот тренер кој го имал во кариерата.

Аргентинецот не мина баш најдобро во Манчестер Јунајтед под водство на Ван Гал, но Холанѓанецот вели дека за лошите епизоди не се виновни само тренерите.

– Ди Марија е многу добар играч кој во тоа време имаше проблеми во приватниот живот. На пример, беше ограбен и тоа влијаеше на неговата форма во Јунајтед. Тој е еден од играчите кои ме посочија како најлош тренер. Навистина жалам за тоа, сметам дека тоа е тажно, но тренерот мора да носи и тешки одлуки.

– Од друга страна, овој дечко тука, Депај мина низ истото во Јунајтед, но сега се бакнуваме во уста. Така одат работите во фудбалот, – изјави Ван Гал, кој направи Мемфис да поцрвене од срам.

– Да, сега е смешно, но во дадената ситуација не е. Тренерите не прават такви работи без причина. Штета е што Депај навистина не сака да се бакнеме во уста, – заврши расположениот Ван Гал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни