Англија
Ван Гал го промени мислењето за Мурињо и го впери прстот за начинот на кој беше понижен: Тој е злобниот гениј
Ангажманот во Манчестер Јунајтед се покажа како последен за Луи Ван Гал во неговата богата тренерска кариера, но неговата разделба со англискиот великан беше прилично болна, бидејќи не само што Холанѓанецот ја дозна веста од медиумите, туку истата дојде веднаш по првиот трофеј кој го освои клубот по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.
Победата во ФА куп финалето во 2016-та година се покажа како последен меч за Ван Гал во неговата двегодишна етапа во Јунајтед, по што беше наследен од некогашниот негов добар пријател и познаник, Жозе Мурињо.
Ван Гал подоцна призна дека се чувствува изневерено од Португалецот кој го сметал за близок и за човек кој не е способен за заткулисни игри, но четири години по понижувањето како што самиот го нарече, искусниот Холанѓанец потенцира дека му простил на Жозе и дека вината не треба да се бара кај него.
Несомнено, Ван Гал го впери прстот кон Ед Вудвард, човекот кој и сега е главен оперативец на клубот од „Олд Трафорд“.
– Сега вината ја гледам само кај Ед Вудвард. Тој беше мој оперативец во Манчестер Јунајтед. Неговата вина е многу голема, немам ништо со Мурињо. Според мое гледиште, Вудвард е злобниот гениј во таа епизода, – порачува Ван Гал во подкастот „Een-tweetje met Yves“.
-
НБА21 час
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија11 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија20 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија19 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА22 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Шкендија во возбудлив меч загуби од Динамо Киев (ВИДЕО)
-
Свет23 часа
Поранешен европски шампион заинтересиран за Погба: Ќе бидеме среќни…