Поврзете се со нас

Англија

Ван Гал даде краток коментар за тренерскиот избор кој го направи Ливерпул

Објавено

на

Foto:twitter.com/OnsOranje

Луи Ван Гал ќе го следи Европското првенство во Германија како човек кој е близок до фудбалот, но без некоја преголема обврска поради фактот што самиот реши да ја напушти холандската репрезентација.

Искусниот стручњак го ослободи своето место за Роналд Куман и легендата на Барса е таа која го води актуелниот холандски тим, а покрај тоа што со нетрпение го очекува турнирот во Германија, Ван Гал во интервјуто за „Скај Спортс“ доби прашања и за своите сонародници кои моментално се најпознати во Англија.

Откако го коментираше статусот на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, Ван Гал даде своја најава и за Арне Слот, тренерот кој официјално го наследува Јирген Клоп во Ливерпул.

– Арне Слот доби голема работа и голема задача, бидејќи Јирген Клоп заврши фантастична работа во Ливерпул. Арне ќе биде негов наследник и во таква ситуација секогаш е многу потешко.

– Сепак, во овој момент, Арне е најдобар технички тренер од Холандија. Мислам дека Ливерпул направи многу добар избор со неговиот ангажман, – вели Ван Гал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни