Поврзете се со нас

Англија

Ван Гал: Челси купи специјален играч

Објавено

на

Луи Ван Гал добро го следи прогресот на секој играч во холандската фудаблска лига, а како ценет стручњак во неговата родна земја, сега даде коментар за фудбалерот кој испиша една навистина убава приказна во Ајакс.

Клубот од Амстердам пред неколку дена го испрати Хаким Зијеш со едно емотивно видео кое го расплака мароканскиот крилен напаѓач, фудбалер за кого големо мислење има и Ван Гал.

Добро познато е дека Челси прв реагираше и веднаш по крајот на јануарскиот преоден рок го потврди Зијеш како прво летно засилување, па во моменти кога само се чека денот кога ќе им се приклучи на новите соиграчи, Ван Гал нагласи дека лондонскиот клуб нависитна погодил со изборот.

– Имаше страшен напредок во Ајакс. Се разви во голем фудбалер. Кога го велам ова, не мислам на креативноста, туку за напредокот кој го имаше како тимски играч.

– Фудбалската публика сфати дека тој работи многу напорно за еден креативен играч. Исто така, постигнува голови и дели многу асистенции. Челси купи специјален играч, – потенцира Ван Гал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни