Поврзете се со нас

Шах

Ван Форест и Сарана на врвот, Филип Панчевски најдобар Македонец на европското првенство во брзопотезен шах!

Објавено

на

Photo credit: Aleksandar Tabakovski / Derbi.mk
Photo credit: Aleksandar Tabakovski / Derbi.mk

Јорден Ван Форест и Алексеј Сарана се двајцата шахисти кои освоија по 11 бода од можни 13 на турнирот во брзопотезен шах, каде се играше со темпо од три минути по играч плус бонификација од две секунди за потег, а кој беше дел од Европското првенство за забрзан и брзопотезен шах што се одржа во Скопје.

Холандскиот шахист Ван Форест беше прогласен за победник бидејќи во 7. коло извојува победа со белите фигури во директниот дуел со шахистот кој има руско потекло, но настапува под знамето на Србија.

Зад нив, со по 10,5 поени беа Грузиецот Бадур Јобава и Романецот Богдан-Даниел Деац.

Photo credit: Aleksandar Tabakovski / Derbi.mk

Photo credit: Aleksandar Tabakovski / Derbi.mk

Интернационалниот мајстор Филип Панчевски од ШК Алкалоид беше најуспешен играч од Македонија освојувајќи 9 поени и се најде во групата играчи од 20 до 32 место, при што според дополнителните „тај-брејк“ параметри му е определен пласманот на 26 место, што е дваесет позиции подобро од стартната листа на играчи според актуелниот рејтинг.

Идентично како и на рапид турнирот одигран претходно, Никола Радоњанин беше најуспешниот македонски претставник во категорија на играчи до 14 години.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни