Поврзете се со нас

Свет

Ван Дер Варт за Роналдо: Неверојатно себичен играч, тој е единствениот…

Објавено

на

foto: x.com/Cristiano

Рафаел Ван Дер Варт не е нешто посебно активен во фудбалот по завршувањето на играчката кариера или поточно со некоја функција како тренер, агент, спортски директор…но затоа често го има во медиумите со неговите изјави, анализи или коментари на актуелни теми, случувања, но и навраќања, споредби со некои други времиња.

Тој низ кариерата играше во повеќе држави, а меѓу нив и Шпанија каде го носеше дресот на великанот Реал Мадрид каде директно соработуваше со Кристијано Роналдо, еден од асовите кој одбележа ера во светот на фудбалот.

Холанѓанецот е познат по тоа што говори без влакна на јазикот, па во однос на Португалецот директно порача:

-Секогаш го кажувам ова на шега, но Роналдо е единствениот играч чиј пенис не сум го видел. Секогаш беше прв на тренинг и последен што заминуваше. Неговото тело? Страшно, машина. За него работата во теретана, јадењето и спиењето беа поважни од напорните тренинзи, -рече Рафаел  и додаде:

-Тој исто така беше неверојатно себичен. Беше несреќен ако победивме со 6:0, а тој не беше стрелец. Се беше во ред ако даде два гола и ние го загубивме натпреварот. Ама неговото однесување не беше проблематично, тој само ги сакаше своите голови, -откри поранешниот холандски репрезентативец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни