Поврзете се со нас

Европски првенства

Ван Дер Варт во свој стил: Подобро да игравме со Шпанија или Германија…

Објавено

на

Foto:instagram.com/rafaelvdvaart

Холандија успеа да ја мине првата фаза на Европското првенство и тоа како третопласирана во својата група во која беа уште Австрија, Франција и Полска.

„Лалињата“ имаа добри и лоши моменти на досегашниот дел од турнирот, не беа константни во своите партии и на крајот тоа им го донесе третото место и осминафинале со Романија.

Холанѓаните барем на хартија се фаворити, но Романците покажаа дека знаат да бидат незгодни, опасни и едноставно ништо не можат да загубат што дефинитивно може да биде проблем за избраниците на Куман.

-Ако се земе предвид квалитетот на нашите играчи, клубовите за кои настапуваат, во кои првенства, ние сме очигледни фаворити. Сепак, постои некаков облик на притисок, Романија е изненадување на овој турнир, но нормално дека треба да победиме.

-На вистинското место сме, како што кажав, многу ни помага позицијата на која се наоѓаме, можевме да се соочиме со Шпанија, Германија. Можеби ќе беше подобро, бидејќи против такви противници нема што да загубиш. Да ми кажевте пред натпреварувањето дека можеме да се сретнеме со Романија по групите, потоа со Турција или Австрија во четвртфиналето… ќе кажев дека е фантастично. Ама видете, одигравме лошо и мора да бидеме приземни, да работиме напорно ако сакаме да имаме шанса за трофејот. Повторувам, Романија нормално треба да ја победиме, -порача поранешниот репрезентативец на Холандија, Рафаел Ван Дер Варт.

Средбата Романија-Холандија е закажана за 2 јули од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни