Поврзете се со нас

Свет

Ван дер Варт со критики за трансферот на Хендерсон: Ајакс доведе играчи со „нула квалитет“

Објавено

на

Ајакс не може да се пофали со посакувани резултати оваа сезона, а Рафаел ван дер Варт смета дека тоа нема да се промени и по зимскиот преоден рок, во кој клубот не направил позитивни потези во однос на трансферите.

Во Амстердам пристигна поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, но тој трансфер воопшто не го воодушевил поранешниот играч на Ајакс.

– Ајакс доведе фудбалери со нула квалитет и сега ќе очекуваат што побргу да заврши сезоната.

– Го доведоа Хендерсон, а се што прави е тој по некое додавање кон крилата или наназад. Никој нема да биде среќен со таков ефект за екипата.

– Очекувам Ајакс да се пласира во следното коло на Конференциската лига со многу среќа на реваншот со Бодо, но потоа најдобро е да бидат елиминирани и да се подготвуваат за подобар почеток на следната сезона.

– Како човек на Ајакс моето срце крвари, не знам ни што да кажам повеќе за актуелната ситуација, – рекол Ван дер Варт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни