Поврзете се со нас

Лига на нации

Ван дер Варт со критики за потегот на Вегхорст: Ми се превртува стомакот од такви работи

Објавено

на

Foto:x.com/OnsOranje

Холандија вчера го доби натпреварот од Лигата на нации против Унгарија со убедливи 4:0, но резултатот помина во сенка на итната лекарска интервенција која ја доби Адам Шалаи, членот на стручниот штаб на гостинската репрезентација.

Унгарците потврдија дека Шалаи се чувствува добро по шокантната вечер во Амстердам, а еден момент од продолжението на средбата предизвика негативни реакции кај дел од фановите.

Вут Вегхорст реализираше пенал непосредно по случувањата со Шалаи и го прослави погодокот еуфорично, нешто за што доби сериозни критики од Рафаел ван дер Варт.

Поранешниот холандски репрезентативец бил зачуден од однесувањето на Вегхорст.

– Добивме пенал во навистина тешка ситуација. Но, кога ќе постигнеш гол и ќе славиш како Вегхорст, ми се превртува стомакот. За да биде полошо и другите фудбалери го следеа, мислам дека требаше да бидат малку свесни за ситуацијата.

– Унгарците решија да продолжат, ние добивме пенал и што направивме, славевме како да е гол за победа на светско првенство, – рекол Ван дер Варт.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни