Поврзете се со нас

Англија

Ван Дер Варт: Овермарс повеќе би сакал…

Објавено

на

Поранешниот холандски репрезентативец, Марк Овермарс веќе неколку години успешно ја одбработува улогата на оперативец, директор во Ајакс, работа која дефинитивно не остана незабележана од останатите клубови кои пројавија интерес за неговите услугите.

Досега Марк ги одбиваше истите или поточно одлучуваше да остане во Амстердам, меѓутоа тоа може да се промени и истиот да биде дел од Њукасл, тим кој од неодамна доби нови моќни сопственици кои ќе направат реорганизација и ќе постават луѓе кои ќе можат да одговорат на задачате и остварување на посакуваните цели.

Овермарс е на врвот на листата на желби и лесно може да се случи да го видиме на „Сент Џејмс Парк“, но според Рафаел Ван дервар неговиот сонародник повеќе би сакал да заврши во Арсенал, клуб кој во минатото исто пројавуваше желба да го ангажира.

-Толку добро му оди што сите го посакуваат. Мислам дека е одлично тоа што го прават со години заедно со Едвин ван дер Сар. Не ме изненадува. Можеби тоа е убав предизвик во Њукасл Јунајтед, но мислам дека тој повеќе би сакал да замине во Арсенал. Таму има повеќе врски. Мислам дека нема тоа да го направи [да се пресели во Њукасл], -вели Ван Дер вар.

Дирк Кајт разбира зошто Њукасл сака да го види Овермарс како нов оперативец.

-Го разбирам интересот на Њукасл. Ако видите што направи Марк Овермарс за Ајакс со неговата политика за купување и продавање, мислам дека научи малку во Ајакс. Тој има направено фантастична работа. Мислам дека нема подобра личност за таа позиција од него. Прашањето е… дали тој ќе заработи толкав профит за клуб кој ќе потроши многу милиони, -истакна Кајт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни