Поврзете се со нас

Свет

Ван Дер Варт: Не сакав да играм со Ибрахимовиќ, по два дена беше продаден!

Објавено

на

Foto:instagram.com/rafaelvdvaart

Рафаел Ван Дер Варт е доста актуелен во изминативе денови со своите ставови на актуелни теми и прашања, но и со некои интересни моменти, ситуации од кариерата.

Познато е дека Холанѓанецот е дете на Ајакс каде беше дел од една навистина квалитетна генерација, генерација во која беше и Златан Ибрахимовиќ.

Токму Ван Дер Варт и Ибрахимовиќ се судриле во Амстердам, поточно конфликтот дошол до точка двајцата да не сакаат да играат заедно.

-Идиот! Беше арогантен. И јас имав големо его, двајцата бевме млади и енергични. Во еден момент дојде до точка да одбиваме да играме заедно. Два дена подоцна Ибрахимовиќ замина во Јувентус. Беше или тој или јас, имав среќа што Јувентус го сакаше, па можев да останам во клубот од соништата, -обелодени Рафаел за „Токспорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни