Поврзете се со нас

Свет

Ван дер Варт му препорача клуб на Де Јонг: Време е да се врати дома

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Френки Де Јонг ја санираше тешката повреда на скочниот зглоб кој му прави проблеми веќе подолго време, а враќањето во репрезентацијата сосема очекувано беше одбележано со многу коментари во јавноста.

Де Јонг останува клучен во системот на „лалињата“ и покрај долгото отсуство, па иако покажа добри перформанси на мечот со Унгарија, во јавноста доби коментари од различен карактер.

Марко Ван Бастен ја искритикува холандската јавност поради тоа што постојано го става фокусот на Де Јонг и што непотребно му прави непријатен притисок, додека Ван дер Варт смета дека Френки веќе нема што да докажува и најпаметно му е да се врати дома.

– Френки имаше одличен меч против Унгарија, но знам дека може уште подобро. Тој оствари многу во кариерата, но сега најважно е да остане фит.

– Тој е фантастичен играч од кој репрезентацијата има голем бенефит. Ако се прашувам јас, тој треба да се врати дома. Јас би му препорачал да се врати во Ајакс. Повеќе нема потреба да патува толку многу, мора да биде внимателен со тој зглоб, може да стане опасно за неговата кариера, – изјави Ван дер Варт.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни