Поврзете се со нас

Шпанија

Ван дер Варт ја продолжува „војната“ со Јамал: Ако си замислува дека е Бог, тогаш……

Објавено

на

Foto:instagram.com/rafaelvdvaart

Ламин Јамал не остана должен и му испрати одговор на Рафаел Ван дер Варт од „Месталја“, сето тоа како реакција на изјавата на поранешниот холандски репрезентативец за 17-годишниот тинејџер.

Во најавата за дербито меѓу Шпанија и Холандија, Ван дер Варт порача дека не му се допаѓаат одредени потези кај Јамал кои се почесто изгледаат арогантно, но го нападна и за неговиот стајлинг, односно за фактот што често знае да игра со поспуштени шорцеви.

Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)

Оваа изјава на Ван дер Варт му послужи на Јамал да подготви одговор веднаш по победата на Шпанија во пенал рулетот, но откако сето тоа беше јавно споделено, со нова изјава се јави некогашниот играч на Реал Мадрид.

– Ламин не треба премногу да се грижи за тоа што го кажува поранешен фудбалер како мене, кој веќе е и премногу дебел. Неговата објава на Инстаграм воопшто не ме допира. Само се надевам дека ќе остане цврсто да чекори на земја. Тој е неверојатен играч, постигна гол кој е надвор од обичната категорија, тој навистина е светска класа. И покрај тоа, би го советувал да не се грижи премногу за поранешен играч кој е предебел и кој ќе каже нешто за него.

– Има 17 години и е многу добар, но не ми се допаѓаат некои негови намери. Кога добиваш толку пофалби на 17 години, почнуваш да мислиш дека цел свет се врти околу вас. Ако на тоа придодадеш гестови со кои си замислуваш дека си Бог, тогаш се претвораш во личност која не е воопшто пријатна. Само забележав дека шорцевите ги носи прениско, не кажав ништо претерано, – возвраќа Ван дер Варт.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни