Свет
Ван Дер Варт и Снајдер во еден глас: Наместо да се радуваат, се жалат што играат многу натпревари
Рафаел Ван Дер Варт и Весли Снајдер имаа одлични фудбалски кариери, настапи за големи клубови, а беа и редовни во холандската репрезентација кога овој национален состав беше меѓу најквалитетните на светот.
Двајцата не продолжија да бидат активни со некоја улога како тренер, скаут, агент во фудбалот, меѓутоа одвреме навреме се присутни во јавноста со своите анализи, коментари за најважните случувања, прашања.
Веќе некое време играчите се жалат на преголемиот број на натпревари што ги играат во текот на сезоната, годината, потег кој пак е несфатлив за двете холандски легенди.
-Навистина ми е преку глава од поплаките на фудбалерите за густиот распоред. Тоа е најголемата глупост што постои. И ное своемвремено игравме многу натпревари, можеби тие играат малку повеќе сега, но факт е дека клубовите сега имаат десет пати повеќе играчи на располагање, -рече Ван Дер Варт.
-Претпочитам три натпревари неделно, бидејќи тогаш немате никаков тренинг помеѓу. Ги играте натпреварите на кои им се радувате. Тоа е идеално. Не знам зошто се жалат денешните фудбалери. Ваквиот распоред на натпревари е она што најмногу ми се допаѓа, -истакна пак Снајдер.
-
Англија22 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП16 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија15 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација17 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија19 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија18 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)