Поврзете се со нас

Шпанија

Ван Дер Варт: И играчите на Барселона сонуваат да играат за Реал

Објавено

на

Рафаел Ван Дер Варт имаше добра кариера во која играше во Холандија, Германија, Шпанија, Англија и Данска со тоа што најголемиот клуб за кој настапуваше дефинитивно е Реал Мадрид.

Тој се задржа две години на „Сантијаго Бернабеу“, период во кој клубот освои само еден трофеј и тоа оној во Супер Купот на Шпанија. Тоа беше ера во која Барселона доминираше, па Реал се обидуваше да пронајде решение, имиња кои ќе можат да помогнат да се спречи противникот да се истакнува, владее.

Ван Дер Варт не беше меѓу оние кои премногу се искакнуваа и за брзо време заврши во Тотенхем, ама клубот од Мадрид се уште му е при срце и даде интересна изјава во која случајно или не ја спомена и Барселона.

-Реал е клуб за кој треба сака да игра секој фудбалер. Не знам зошто е тоа така, но тие сакаат да играат за Реал многу повеќе отколку да речеме за Барселона. Секој фудбалер во светот го посакува тоа, па дури и играчите на Барселона сакаат да играат за Реал Мадрид. Во тоа сум 100 отсто сигурен, -порача Холанѓанецот кој по завршувањето на кариерата е познат со изјави, коментари со кои се наоѓа во фокусот на јавноста.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни