Англија
Ван Дер Варт: Халанд не е напаѓач од светска класа
Ерлинг Халанд собори многу рекорди по доаоѓањето од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити, но без разлика на тие негови импресивни бројки често има и критики на негова адреса кога на „граѓаните“ не им оди или пак кога се во прашање големите дерби средби.
Клубот од Манчестер минува низ криза, па дефинитивно ова е време кога има доста забелешки за настапите на играчите, а секако во таа група тука е и Халанд од кого се очекува повеќе. Според Рафаел Ван Дер Варт, норвешкиот репрезентативец не е напаѓач од светска класа во споредба со некои други имиња во минатото.
-Одземете му ја брзината, Ерлинг Халанд го гледам како нормален играч. Технички, тој не е доволно добар и може да се извлече кога Сити е во форма, но не и кога се мачи. Само мислам дека му недостасува нешто што го имаат тие врвни, врвни напаѓачи. Можеби ќе бидам критикуван поради тоа мислење, но не го гледам на исто ниво како врвните напаѓачи со кои играв, како на пример Руд ван Нистелрој. На Манчестер Сити му треба Ерлинг Халанд во моментов, но каде е тој? Затоа тој не е меѓу оние неколку избрани напаѓачи од светска класа, -вели Ван Дер Варт кој говореше и за проблемите на „граѓаните“.
-Мислам дека интензитетот што Манчестер Сити го покажуваше под водство на Пеп Гвардиола толку многу сезони заврши. Ми изгледаат многу уморни. Можете да го видите тоа во нивните лица, Кевин Де Брујне на пример, тие веќе не се свежи. Потребна им е обнова.
-Не сум тој што вели дека треба да се ослободат од Пеп, нема шанси. Верувам во неговите тренерски методи, но тие треба да ги направат своите трансфери како што треба – Илкај Гундоган не беше она што им требаше летото, -заклучи Холанѓаенцот.
-
Светски првенства18 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија24 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија18 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија22 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства18 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Германија23 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија23 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет23 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот