Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ван Дер Варт го нападна Меси: Зарем не ти е срам? Погледни го Роналдо…

Објавено

на

Пари Сен Жермен одигра многу лош натпревар против Манчестер Сити, потфрлија сите играчи, но најмногу замерки има за напаѓачката тројка Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси.

Пред се се критиките за нивната игра во одбраната, односно шетањето по теренот и не помагањето на соиграчите кои имаа доста проблеми против продорните играчи на Сити кои знаеја што сакаат низ сите 90 минути. Секако има и критики кои се упатени кон точно одредени фудбалери, а во конкретниот случај се работи за Рафаел Ван Дер Варт кој директно го нападна Аргентинецот Меси.

-Ова навистина ме растажува. Се работи за желба. Меси на теренот изгледа слабо ако не постигне гол и не асистира. Овој меч го одигра лошо. Кога го гледате Роналдо, тој се бори и сака да го подигне тимот на повисоко ниво. Меси шета на теренот и се прашувам дали не му е срам? Почнувам да се нервирам поради тоа. Тој е играч кој никогаш повеќе нема да се роди. Се започна со Куман, како да не му се игра, -вели Холанѓанецот кој во минатото играше за гиганти како Реал Мадрид и Ајакс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни