Светски првенства
Ван Дер Варт го детектираше најголемиот проблем во Германија: Имаат свој „Хари Мегваер“

Германија втор пат по ред потфрли на еден мундијал и си оди дома многу порано од предвиденото, а додека цела јавност во оваа земја ги бара главните виновници и најодговорните за новото фијаско во Катар, доаѓаат анализи и од други фудбалски земји.
Ханси Флик не успеа да ја поправи работата од последните години на Јоаким Лев и продолжи по неговите завршни стапки, па иако очекувањата беа огромни пред мундијалот во Катар, трите одиграни натпревари покажаа дека германскиот тим има навистина големи проблеми
Неефикасноста и лошата транзиција од напад во одбрана е нешто на што сериозно ќе мора да работат Германците, но според Рафаел Ван Дер Варт, најголемиот проблем „лежи“ во дефанзивната четворка.
Холанѓанецот во последно време се прослави со тоа што дава навистина зајадливи коментар за Хари Мегваер, а сега препозна еден ист таков во стартната постава на германскиот тим.
– Германија има многу голем проблем во одбраната. Никлас Суле дефинитивно не е играч од светска класа. Тој е германскиот Хари Мегваер, – порачува Ван Дер Варт, а пренесува холандски „НОС“.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 11 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Шпанијапред 4 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Светпред 21 час
Срна за најтешкиот момент во кариерата: Тоа ме повреди повеќе и од смртта на мојот татко