Поврзете се со нас

Шпанија

Ван Дер Варт фатен во лага: Измисли приказна за Роналдо и се најде на удар во јавноста

Објавено

на

Рафаел Ван Дер Варт играше за неколку големи клубови во својата кариера, но врвот го достигна кога пристигна во Реал Мадрид, клуб во кој мина две натпреварувачки сезони пред трансферот кој го направи во Тотенхем.

Токму во лондонскиот клуб, Холанѓанецот имаше можност да ја дели соблекувалната со Питер Крауч, харизматичниот англиски напаѓач со кого сега водеше разговор преку социјалните мрежи, а кој го искористи да открие и една анегдота која испадна дека не е вистинита.

Ван Дер Варт беше фатен во лага и враќањето во минатото откри дека не ја кажува вистината за една ситуација со Кристијано Роналдо, со кого играа во Реал заедно една сезона.

– Јас бев подобро технички поткован од Роналдо, тоа можам да го кажам со сигурност. Еднаш го победивме Спортинг Хихон на домашен терен со 6:0. Јас постигнав хет-трик, а тој не даде ниту еден гол и дојде бесен во соблекувалната. Нормално, ако беше ти со мене, ќе одевме на пиво, но со него не беше така, – порача Ван Дер Варт, приказна која дефинитивно ја измислил, или ја помешал со некоја друга.

Станува збор за натпреварот од 2008-ма година и Реал Мадрид го победи Спортинг со 7:1, а не со 6:0, но покрај ова, треба да се потенцира дека Роналдо не беше ниту во тимот таа сезона, бидејќи пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ една година подоцна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни