Поврзете се со нас

Европски првенства

Ван дер Варт експресно се јави на Твитер откако Шпанија му одговори со „петарда“ (Фото)

Објавено

на

Ван дер Варт се јави како главен критичар на шпанската фудбалска репрезентација и предизвика бура од реакции на Пиринеите поради својата потценувачка изјава за играта која ја прикажа „фуријата“ на првите два меча на Европското првенство, зборови кои очигледно влијаеја како огромен мотив за фудбалерите кои ги предводи Луис Енрике.

Во одлучувачкиот натпревар во групната фаза, Шпанија се покажа во најдобро светло и ја декласираше Словачка со 5:0, па како што можеше да се претпостави, најочекувана реакција беше онаа на поранешниот холандски репрезентативец.

За разлика од претходните неколку дена кога гостуваше во студијата во Холандија, Ван дер Вар овојпат немаше стручна анализа во некоја од телевизиите, но затоа се огласи на социјалните мрежи и призна дека со своите зборови им направил услуга на Шпанците.

Неколку дена по тврдењето дека Шпанија игра ужасен фудбал и е идеален ривал за Холандија на Европското првенство, Ван дер Варт ги повлече своите зборови.

– Изгледа дека моите зборови послужија како мотивација за Шпанија. Добар меч, честитки за пласманот во нокаут фазата, – порача Ван дер Варт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни