Поврзете се со нас

Свет

Ван дер Сар потврди дека на тројца играчи на Ајакс ќе им биде дозволено да заминат: Клубовите нема да ги добијат со попуст

Објавено

на

Извршниот директор на Ајакс, легендарниот Едвин ван дер Сар потврди дека на тројца клучни играчи од клубот ќе им биде дозволено да заминат.

Сепак, ван дер Сар изјави дека клубовите нема да добијат попуст за овие играчи и покрај финансиската криза предизвикана од коронавирусот.

Андре Онана, Дони ван де Бек и Николас Таљафико ќе имаат одврзани раце за да ја променат својата средина.

За сите фудбалери постои голем интерес од најголемите европски тимови како Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, па така голема е веројатноста и тројцата да го напуштат Амстердам ова лето.

– Минатата година имавме вербални договори со Андре Онана, Николас Таљафико и Дони Ван де Бек, кои требаше да останат уште една сезона за да си помогнеме меѓусебно и да одат чекор понапред во своите кариери.

– Сега ништо не е променето, знаеме само дека нема да има 50% попуст за заинтересираните клубови. Тие може да заборават на тоа, -изјави ван дер Сар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни