Поврзете се со нас

Англија

Ван Дер Сар посочи што му е потребно на Јунајтед за да се бори за титулата во Премиер лигата

Објавено

на

Холандскиот ас, Едвин Ван Дер Сар кој веќе одредено време е еден од најважните луѓе во Ајакс го сподели своето размислување, став за тоа што му е потребно на Манчестер Јунајтед за да може да се бори за пехарот во Премиер лигата.

Ливерпул и Манчестер Сити се далеку пред сите во Англија, но според Ван Дер Сар сликата, ситуацијата може да се промени во наредната сезона со две-три нови имиња во таборот на „црвените ѓаволи“.

-Периодот на меден месец [под Солскјер] беше одличен. Потоа минаа низ тешка ситуација, но мислам дека во последните седум, осум, девет недели, тие играа подобар фудбал. Бодовите доаѓаа. Имаа добри резултати и тоа против добри тимови.

-Секако, за нив, се надевам дека лигата ќе продолжи, бидејќи веројатно ќе им бидат потребни тие места во Лигата на шампионите. Мислам дека главната работа за нив е да се фокусираат на следната сезона и се надевам со две или три засилувања тие повторно ќе бидат конкурентни на Ливерпул и Манчестер Сити, -рече Ван Дер Сар кој воедно ја посочи најважната работа за освојување на трофеи.

-Конзистентност, победнички менталитет. Можеби ќе ја решат ситуацијата со Погба, дали ќе остане?  Сигурен сум дека со Де Хеа, Магваер, Фернандеш, Рашфорд, Маријал, тие имаат добра линија, мислам во средина, -порача Едвин кој 6 години бранаше за тимот од „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни