Поврзете се со нас

Свет

Ван дер Сар откри детали за мозочниот удар: Не можев да верувам дека ми се случува тоа на 52 години

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Едвин Ван дер Сар полека се враќа на секојдневните обврски и неодамна беше дел од ревијален натпревар на кои играа фудбалски легенди, па слободно може да се каже дека Холанѓанецот е опоравен од шокот кој го претрпе пред повеќе од една година.

Летниот одмор во Хрватска кој го имаше минатата година се претвори во вистиски кошмар за легендарниот голман, од едноставна причина што мораше да заврши на одделение за интензивна нега како последица на мозочен удар.

Во ексклузивниот разговор за „Скај Спортс“, Ван дер Сар првпат се отвори за лошото утро од 2023-та година, па сподели и детали за тоа како сфатил дека нешто не е во ред со него.

– Се разбудив во хотелската соба и тоа беше нашиот последен ден од летниот одмор, планиравме да си одиме тој ден. Почувствував некоја голема тежина во вратот, а истото чувство беше и во грбот и рамениците.

– Повратив во тоалетот и се вратив во собата во која беа отворени завесите и сфатив дека не можам да гледам во светлина. Легнав на креветот и веднаш ми беше јасно дека нешто не е во ред. Побарав итно да дојде доктор, не ми беше воопшто добро. Испадна дека се работи за мозочен удар.

– Тоа беше голем шок за мене, си мислите дека сте здрав, дека сте силен после играчката кариера. Можеби не бев во форма како во играчките денови, но никогаш не очекувате да добиете мозочен удар кога се чувствувате здраво на 52 години. Мојата сопруга исто така има преживеано мозочен удар и таа ми помогна да го препознаеме знаците. Јас бев со неа кога таа имаше удар, а овојпат таа беше со мене кога ми се случи истото.

– Таа ги препозна сигналите, го контактираше генералниот менаџер на хотелот и луѓето во Хрватска беа фантастични. Минав во болница една недела, а потоа бев префрлен во Холандија и лежев уште една недела. Имав среќа што кај мене беше поблаг удар, но сега сум целосно опоравен. Многу работи ми се променија во животот, променив доста рутини и сега се чувствувам добро, – вели Холанѓанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни