Поврзете се со нас

Англија

Ван Дер Сар најави враќање на „Олд Трафорд“: Сигурен сум дека тој момент…

Објавено

на

Некогашниот голман на Манчестер Јунајтед, а сегашен спортски директор на Ајакс, Едвин Ван Дер Сар веќе неколку години се поврзува со враќање на „Олд Трафорд“.

Во Манчестер Јунајтед се во потрага по стабилен спортски директор откако пред една година се решија за прв пат во историјата да постават една ваква функција во раководните органи на клубот.

Во моментов на таа позиција е Џон Муртог, човек кој засега добро си ги извршува работните задачи, но според многумина Ван Дер Сар би бил идеалното решение за таа позиција на долгорочна основа.

Дека не крие дека посакува еден ден да седне на ова место потврди и самиот Ван Дер Сар кој посочи дека сепак во моментов е среќен во Ајакс.

– Во моментов уживам во Ајакс и имам уште две години од договорот. Сакам да продолжам да постигнувам убави работи со овој клуб, но сигурен сум дека еден ден ќе дојде и моментот за разделба и мое враќање во Манчестер, -изјави некогашниот голман на „ѓаволите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни