Поврзете се со нас

Англија

Ван дер Сар го потврди интересот за фудбалерот на Ајакс: Јасно е дека клубови како нив се интересираат за Ван де Бек

Објавено

на

Спортскиот директор на Ајакс и поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар го потврди интересот за фудбалерот од средината на теренот, Дони Ван де Бек.

Претходните неколку денови се појави информација дека Манчестер Јунајтед води во трката за ангажманот на овој играч за кого интерес има и од Реал Мадрид.

„Ѓаволите“ наводно се согласиле да платат сума од 36 милиони фунти за да го обезбедат потписот на играчот од средината на теренот.

Дека интересот постои јасно потврди и ван дер Сар кој треба да преговара со заинтересираните клубови за Ван де Бек.

– Јасно е дека клубови како Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед покажуваат силен интерес за Дони Ван де Бек.  Ние не сме приморани да ги продаваме нашите најдобри играчи, но не можеме да им стоиме на патот, -кратко изјави легендарниот поранешен голман на неколку европски гиганти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни