Поврзете се со нас

Свет

Ван Ден Берг изрежира „бомба“ за паметење, но цела Белгија зборува за неговата луда прослава (Видео)

Објавено

на

Фудаблска Белгија вчера беше сведок на еден од најубавите голови во актуелната натпреварувачка сезона, но истовремено на убедливо најурнебесната прослава на еден таков неверојатен погодок.

Јан Ван Ден Берг го украде шоуто со својата фантастична „бомба“ која ја испрати од 30-тина метри, но уште поголемо внимание привлече со лудата „полжав“ прослава која се најде во фокусот.

Бершот направи изненадување и победи на гостувањето кај фаворизираниот Генк со 1:2, а најавата на големиот триумф дојде со ремек делото на белгискиот фудбалер.

Фудбалската „бомба“ е уште понеобична поради тоа што станува збор за стопер кој ретко се запишува во листата на стрелците, па фудбалската јавност од Белгија сега посакува да гледа уште негови погодоци за да гледа откачени прослави како оваа последната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни