Поврзете се со нас

Шпанија

Ван де Бек потпиша за најсимпатичниот шпански клуб, Јунајтед ќе добие само 500 илјади евра! (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/GironaFC

Дони Ван де Бек целосно разочара на „Олд Трафорд“ и не ги исполни очекувањата во Манчестер Јунајтед, па така денеска конечно реализираше перманентен трансфер и целсно се раздели со „црвените ѓаволи“.

Холандскиот играч за врска се уште е млад и има 27 години, па во ситуација кога треба да биде во зенитот на кариерата, одлучи да направи трансфер во клубот кој оваа година беше вистинска сензација во Шпанија.

Ван де Бек потпиша четиригодишен договор со Џирона, а каталонскиот клуб во прв момент плаќа само симболична сума за услугите на некогашниот холандски репрезентативец.

Како што јавуват шпанските медиуми, фиксната сума за трансферот изнесува само 500 илјади евра, а ако се знае дека Јунајтед го доведе од Ајакс за 40 милиони евра, може слободно да се заклучи дека англискиот клуб е во целосна загуба од трансферот кој го реализираше во 2020-ва година.

Во потпишаниот договор меѓу двата клуба постои и клаузула според која Џирона би можела да исплати и одредени бонуси во период од неколку години, а сумата се движи од 5 до 15 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни